Не се смалува интензитетот на пријавени насилства во Скопје. МВР и денеска информираше за повеќе одделни инциденти пријавени вчера на подрачјето на главниот град, кои опфаќаат физички напади, закани со оружје и тешка повреда на работно место.
Во СВР Скопје, 36-годишен скопјанец пријавил дека околу 20:00 часот бил физички нападнат од две лица во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром.
Претходно, 39 годишна скопјанка пријавила дека на 15 декември околу 15:00 часот, во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од татко на негов соученик.
И 41 годишен жител на селото Петровец пријавил дека по претходно недоразбирање околу паркинг простор, друго лицето се обидело физички да го нападне, при што му се заканувал со огнено оружје. За сите пријавени случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на одговорност.
