Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за младиот Васил Јованов на 13 години. Тој првостепено беше осуден на 12 години затвор, затоа што во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин среде Скопје удри во Фросина Кулакова, која почина на лице место.
Во меѓувреме, во Основниот кривичен суд Скопје против таткото на Васил Јованов, Зоран Јованов, се води судски процес за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства”, бидејќи во период од ноември 2022 до јануари 2025 му дозволувал на својот син да управува автомобил без возачка дозвола, иако знаел дека е повеќекратен сторител на сообраќајни прекршоци, што според обвинителството придонело за трагичната несреќа во која загина Фросина Кулакова.
