Пожар во семејна куќа во Шуто Оризари, повредено е едно лице. Имено, утрово во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа, сопственост на 31-годишник од Скопје. При евакуациското излегување од куќата тој се здобил со повреда, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.
По брзата реакција на екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен е и увид на опожареното место.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
