Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»ЕУ не презема ништо за да ги гони одговорните за трагедијата во Темпи, обвинува Здружението на жртвите од несреќата
    Свет

    ЕУ не презема ништо за да ги гони одговорните за трагедијата во Темпи, обвинува Здружението на жртвите од несреќата

    11/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Европските институциите треба да застанат во одбрана на приматот на законодавството на ЕУ и да не дозволат одговорните министри за железничката несреќа во Темпи во 2023 година да останат неказнети, порача претседателката на Здружението на жртвите од несреќата, Марија Каристијану.

    – Европското јавно обвинителство има должност да ја бара вистината и да ги гони политичарите одговорни за смртта на 57 лица, изјави Каристијану за бриселскиот портал „Еурактив“.

    Каристијану, чија ќерка беше меѓу 57-те загинати во несреќата на возот на релација Атина-Солун кај Темпи, бара Обвинителството и неговата шефица Лаура Ковеши да се повикаат на приматот на европското законодавство над националното и да го укинат, како што го нарекува „уставниот штит“ во Грција кој „ги штити министрите од прогон“.

    Станува збор за член 86 од Уставот на Грција, кој предвидува дека само Парламентот може да одобри судско гонење на министри. Досегашните такви иницијативи беа рутински отфрлани од парламентарното мнозинство.

    – Таа (Ковеши) ги има сите правни алатки на располагање, но не ги користи. Ова ја поткопува довербата на милиони граѓани кои бараат правда, кои не можат да толерираат политичарите сами да одлучуваат дали се виновни или не, изјави Каристијану.

    Како причина за несреќата се посочува проблемот со сигнализацијата за пругата, за чија модернизација Грција користела средства во фондовите на ЕУ. Ковеши уште пред несреќата започна истрага за договорот од 2014 година за модернизација на сигнализацијата и далечинското управување на железничката пруга Атина-Солун, но случајот остана без правна разрешница.

    Каристијану упати критики и на сметка на Европската комисија, потенцирајќи дека не презела никакви мерки во однос на забелешките на Ковеши за случајот, туку само ги „нотирала“.

    – Што ја спречува Комисијата да дејствува решително и да поведе постапка? Дали можеби да има некаква посебна поврзаност со грчката Влада што ги објаснува нејзината неактивност и пропусти?, праша Каристијану.

    На барање на „Еурактив“ за коментар на Обвинителство за наводите на Каристијану, било одговорено дека не сакаат да се вклучуваат во „правни дискусии за приматот на правото на ЕУ“.

    – Орган одговорен да обезбеди правилно спроведување на правото на ЕУ е Европската комисија, а единствената институција со овластување да го толкува правото на ЕУ е Европскиот суд на правдата. Јавното обвинителство на Европската Унија е одговорно за истражување, гонење и изнесување пред суд на кривични дела против финансиските интереси на ЕУ, се наведува во одговорот на Обвинителството.

    Оттаму потврдиле и дека Ковеши уште во јануари 2024 година му пишала на тогашниот еврокомесар за правда Дидие Рејндерс со барање Европската комисија да реагира против „режимот на имунитет“ во Грција, на што по еден месец добила одговор дека случајот е „нотиран“, но не следеле никакви понатамошни чекори.

    Од Обвинителството појасниле и дека сè додека не се промени Членот 86 од грчкиот Устав, нивните „раце се врзани“.

    Поврзани вести:

    Бугарското МНР: Не бевме вклучени во заминувањето на Михајлова

    Бугарското МНР: Не бевме вклучени во заминувањето на Михајлова

    Путин нуди прекин на огнот во Украина само за денот на изборите, тврди Кремљ

    Путин нуди прекин на огнот во Украина само за денот на изборите, тврди Кремљ

    Финска пред тешки одлуки: Земјата на среќните граѓани се соочува со големи буџетски кратења

    Финска пред тешки одлуки: Земјата на среќните граѓани се соочува со големи буџетски кратења

    Нов силен земјотрес ја погоди Панама, потресот бил со јачина од 6,1 степен

    Нов силен земјотрес ја погоди Панама, потресот бил со јачина од 6,1 степен

    Трамп: Путин повеќе сака мировен договор отколку Зеленски

    Трамп: Путин повеќе сака мировен договор отколку Зеленски

    Мистерија во Црното Море: Бугарија не знае кој стои зад нападите со дронови

    Мистерија во Црното Море: Бугарија не знае кој стои зад нападите со дронови

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    еу трагедијата во Темпи
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарското МНР: Не бевме вклучени во заминувањето на Михајлова

    13/10/2026

    Путин нуди прекин на огнот во Украина само за денот на изборите, тврди Кремљ

    13/10/2026

    Финска пред тешки одлуки: Земјата на среќните граѓани се соочува со големи буџетски кратења

    13/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.