Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Се уште не почнала евакуацијата на македонските државјани од Израел – во тек се процедури за реализација на истата
    Свет

    Се уште не почнала евакуацијата на македонските државјани од Израел – во тек се процедури за реализација на истата

    16/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел.

    Министерот нагласи дека веднаш по добиените информации за ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Израел започнало активности за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на таа земја. Формиран е кризен штаб со примарна надлежност за организација на безбедно извлекување на нашите државјани, а Амбасадата во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и директна комуникација со нив.

    -Согласно најновите информации, заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација. Првата фаза од процесот ќе се реализира преку трета земја – Египет. Очекуваме осум наши државјани (четири возрасни лица и четири деца) до крајот на денешниот ден, или најдоцна утре, да бидат префрлени на безбедна територија, од каде што по воздушен пат ќе се изврши нивно враќање во земјата, изјави Муцунски.

    Тој додаде дека македонската амбасада во Тел Авив активно ги финализира подготовките за првата група – вклучително и обезбедувањето на потребната документација, логистиката и организацијата на безбеден конвој за трансфер кон Египет.

    -Како што беше побарано од самите државјани, втората група се очекува да ја напушти територијата на Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставувањето на редовен авионски сообраќај од аеродромот во Тел Авив, додаде министерот.

    Со оглед на прекинот на редовниот воздушен сообраќај со Израел, оваа фаза од евакуацијата ќе се реализира со авион во сопственост на Владата, кој ќе обезбеди транспорт за првата група државјани кои изразија подготвеност веднаш да ја напуштат територијата на Израел.

    Муцунски посочи дека персоналот на нашата амбасада се наоѓа на безбедна локација и останува постојано на располагање на македонските граѓани. Воедно, потсети дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите наши државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, освен во случаи на апсолутна неопходност.

    -Повторно нагласуваме дека 24-часовно се достапни дежурните телефонски броеви на Министерството и на нашата амбасада во Тел Авив за сите прашања, поддршка и конзуларна помош, подвлече министерот.

    На крајот на прес-конференцијата, Муцунски упати апел до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да покажат воздржаност.

    -Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток и ја изразуваме нашата најдлабока загриженост за опасната ескалација. Ја повторуваме нашата силна посветеност на регионалната и глобалната безбедност и апелираме до сите страни да го почитуваат меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од понатамошни дејствија кои би можеле да доведат до сериозни последици, заклучи министерот Муцунски.

    Поврзани вести:

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.