Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Се скараа Груевски и Заев за тоа кој е почесен, еве што си напишаа
    Политика

    Се скараа Груевски и Заев за тоа кој е почесен, еве што си напишаа

    06/12/20257 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Се скараа поранешните премиери Никола Груевски и Зоран Заев преку Фејсбук.

    Најпрво Груевски напиша дека Зоран Заев и Венко Филипче речиси секој ден во дневно политички цели ја злоупотребуваат неговата објава од 12 ноември, која ги анализирал на ризиците за потенцијални војни во Европа и светот, и која завршила со порака дека Македонија треба силно да ги продолжи своите напори за реформи, заради исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но паралелно да се подготвува и за ситуација на можни воени сценарија во Европа и последиците од нив, доколку некои од наведените ризици се реализираат.

    „Таа злоупотреба ја ставаат во некаков сосема различен и нејасен контекст на некоја подоцнежна изјава на некои функционери од власта, па градат некакви смешни тези дека власта ме следела, ме слушала и слични глупости, за кои не вреди да се троши време,“ напиша Груевски и додаде:

    “Старите фрустрации кој ги носи Заев, а очигледно и Филипче, не им дозволуваат да не повторат некоја од нивните стари пропагандни лаги за некакви “од ракав истресени” милијарди, кои те беа една, те се две или три, те се пет или седум, те десет. Во последното соопштение ги ставиле дека се две, но и тоа се такви глупости, што не вредат да се губи време на нив.

    Груевски пишува дека Заев и Филипче имаат многу пари, па лесно се расфрлаат со милијарди, и истовремено немаат идеја што да понудат на македонската јавност, после “масакрот” што го направија во седумте години криминално владеење.

    Од тоа владењето, како што напиша Груевски, Заев излезе како инвеститор во недвижности и трговец со фирма со скриена сопственост на руско железо и челик во Дубаи, кое заради санкциите кон Русија во последните години е многу поевтино. Од таа причина истото полесно се продава.

    „Така Заев како докажан анти-руски и про-западно настроен во политиката, познат по својата дволичност како во политиката, така и во бизнисот, и познат дека секогаш се води само од финасискиот интерес, во милионски суми, со слатко задоволство го купува железото од Русија, и го продава меѓу другите и на втората најголема компанија за развој на луксузни недвижности во Обединетите Арапски Емирати – Damac properties,“ напиша Груевски.

    Тој вели дека се смеел кога се потсетил со каква леснотија и со каков сериозен лик и бесрамно лажење Венко Филипче објаснувал на неупатената јавност во Македонија дека планирал да оди на печалба во неименувана болница во Дубаи пред околу една година, лажејќи дека златната виза во Дубаи ја добил за ако му затребало да биде лекар таму на печалба.

    „И како сето тоа лесно му помина во неупатената јавност без да се помисли дека за да му доделат таква виза мора претходно да поседува важечка медицинска лиценца издадена од DHA (Dubai Health Authority), DOH (Department of Health – Abu Dhabi) или MOHAP (Ministry of Health and Prevention), писмо за одобрување од Министерството за здравство и превенција на ОАЕ за практикување медицина, и валиден веќе склучен договор за вработување одобрен од Министерството за човечки ресурси и емиратизација (MOHRE), и логично после сето тоа тој требаше да има поднесено отказ на работното место во Македонија. Ништо од сето ова немаше. Ако имаше ќе покажеше“, напиша Груевски.

    Тој пишува дека се потсетил оти Филипче и Заев имаат заедничката фирма и заеднички бизнис и инвестиции во Дубаи, се разбира сигурно не од заштеди од парите од лекарската плата на Филипче, на база на што всушност се извадени златните визи за двајцата.

    „Но, потсетувањето на тој хумор кој Филипче го објаснуваше со глуметарење со мошне сериозен лик, ми запре во мислите веќе во следниот миг кога се потсетив како во екот на првиот бран на ковид кризата, кога реално огромен број заразени умираа од Ковид, време кога починатите болни ширум светот беа во толкав голем број, а се сеќавате дека Македонија беше со највисок процент на починати во светот, масовно ги изнесуваа со вреќи од болниците како во времиња на најголеми светски епидемии во воени времиња, овие два љубители на луксузни мотори, во тоа време првиот премиер, а вториот министер за здравство, не само што последни во Европа набавија вакцина, повторувам последни, не предпоследни – туку последни, што секако се должеше на нивната неспособност и дефокусираност кон лично богатење, наместо кон грижа за граѓаните кои им довериле јавни функции, туку сигурно ќе се потсетите и вие, тие двајца се обиделе и со месеци вршеле притисок во Кина, увозот на вакцините да биде преку нивна лична заедничка фирма.

    И сега, оној лежејќи на некоја јахта во Дубаи, со проневерените пари од народот и земените пари од продажбата на националниот интерес, преку промена на името на земјата и нацијата, историјата и идентитетот на Македонците и неговото поставено лице во партијата во Македонија, ни продаваат морал и етичност. Нашите соседи Срби, имаат една добра и римувана народна поговорка која во оргинал вели: “Ко о чему, к…а о поштењу”.

    Нека помислат само, колку животи ќе беа спасени, ако наместо тогаш да се обидуваат да протуркаат нивна фирма за препродавач на вакцините, дозволеа тоа да оди по нормален тек, колку денес предвреме починати луѓе ќе беа живи, со своите деца, родители, браќа, сестри, пријатели…и ќе се радуваа на животот. Потоа, нека размислат дали само со овој алчен и бездушен чекор, тие оставиле некаков простор меѓу народот во Македонија, да чекаат повтоено да ги гласа на избори,“ стои во објавата на поранешниот премиер Никола Груевски.

    Зоран Заев не му остана должен, веднаш му одговори: „Никола, тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш:) Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе.

    Само да ти кажам, овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Знам, контролата од далечина ти е малку тешка.

    Можеше да ја одлежиш казната, тоа малку што ти го дадоа, бидејќи да бев јас некој друг и да се мешав во правосудството, ти ќе добиеше многу повеќе. Но, јас не сум како тебе и твоите, јас сепак се борев за слободна и демократска Македонија.“

    Заев, понатаму пишува ако Груевски ја одлежел казната, ќе покажел достоинство кон народот на Македонија и денес ќе можел да биде тука и од Македонија да зборува, наместо од бегство да пишува епопеи, за кои тука се тера мајтап дека никој не може и не сака да ти ги дочита до крај.

    „За разлика од тебе, неуспешниот и поразен “боксер”, ние пред политиката се занимававме со сопствена работа, и тоа успешно. А сега, кога скоро пет години сум во политичка пензија, нема ден да не ме спомнете. Толку ли комплекси сте си натовариле?“ праша Заев и додаде:

    „За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените парите на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа, а не на серијали писанија посветени на тебе. Тоа значи дека ова е една од ретките прилики кога го добиваш повторно моето внимание.

    Затоа, ти предлагам, најди си нешто да работиш. Не мислам да работиш за да заработиш, тоа го имаш оти безобразно и развратно крадеше. Туку мислам на тоа да си најдеш некое хоби, занимација, да ти “годи” додека се разубавуваш. Научи ли гулаш да правиш?, праша Заев.

    За крај, тој му напиша дека се надева оти ќе дојде денот кога ќе се појави во Македонија, а оти добро знае каде ќе треба директно да оди.

    „За да разбереш: јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис да ми даде. До свидания Никола! Поздрав од Македонија, полноправна членка на НАТО!,“ заврши Заев

    Поврзани вести:

    СДСМ со обвинување дека семејна фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски добила државни тендери од над 5 милиона евра

    СДСМ со обвинување дека семејна фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски добила државни тендери од над 5 милиона евра

    Државното знаме изоставено од прославата во Струга – следи судска постапка

    Државното знаме изоставено од прославата во Струга – следи судска постапка

    Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски добива уште еден мандат, а Партијата ќе ја донесе „Стратегијата Македонија 2030“

    Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски добива уште еден мандат, а Партијата ќе ја донесе „Стратегијата Македонија 2030“

    ЕУ упорно бара Македонија да го смени Уставот, Мицкоски и Николоски упорно бараат гаранции од Брисел

    ЕУ упорно бара Македонија да го смени Уставот, Мицкоски и Николоски упорно бараат гаранции од Брисел

    Само со боење на парламент во портокалово не се заштитуваат жените од насилство, пратениците треба повеќе да сработат

    Само со боење на парламент во портокалово не се заштитуваат жените од насилство, пратениците треба повеќе да сработат

    СДСМ поврзува регионални политички процеси со можни избори во Македонија

    СДСМ поврзува регионални политички процеси со можни избори во Македонија

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ со обвинување дека семејна фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски добила државни тендери од над 5 милиона евра

    06/12/2025

    Државното знаме изоставено од прославата во Струга – следи судска постапка

    06/12/2025

    Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски добива уште еден мандат, а Партијата ќе ја донесе „Стратегијата Македонија 2030“

    06/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.