Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Нов пораз за Еурофарм Пелистер, Загреб ги освои првите бодови
    Спорт

    Нов пораз за Еурофарм Пелистер, Загреб ги освои првите бодови

    03/12/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Еурофарм Пелистер доживеа нов пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва беше поразен на гостувањето кај хрватскиот шампион Загреб со 27:23, во натпревар од 10. коло во групата Б. За Загреб ова беа првите бодови сезонава во елитното натпреварување.

    Македонскиот шампион одлично го отвори дуелот и рано поведе со 5:1, но по десетина минути игра падна концентрацијата во нападот. Хрватскиот тим постепено ја намалуваше разликата и набрзо стигна до израмнување 7:7, а на пауза замина со предност од 14:12.

    Во вториот дел блескаше голманот на Загреб, Сандро Мештриќ, кој со 12 интервенции беше клучниот играч во одбраната на домашниот состав. Во повеќе наврати хрватскиот првак стигнуваше до водство од шест гола, а разликата најчесто се движеше меѓу четири и шест погодоци.

    Филип Главаш беше најефикасен на натпреварот со 10 гола, додека кај Еурофарм Пелистер најдобар стрелец беше Филип Кузмановски со седум погодоци.

    Пелистер останува со четири бодови на седмото место во групата Б. Следниот натпревар битолчани ќе го одиграат дома на 19 февруари 2026 година.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.