Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг Конг се искачи на 128 лица
    Свет

    Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг Конг се искачи на 128 лица

    28/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, потврдија локалните власти на денешната прес-конференција.

    Пожарот, кој е целосно изгаснат околу 10:18 часот по локално време (02:18 часот по Гринич), остави и најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе сè уште се водат за исчезнати.

    Властите соопштија дека 16 тела сè уште се наоѓаат во објектите, а 89 од пронајдените жртви сè уште не се идентификувани. За идентификација на починатите ќе бидат користени повеќе методи, вклучувајќи и ДНК анализа, јави Би-Би-Си.
    Службениците на Противпожарната служба соопштија дека по избувнувањето на пожарот е извршена проверка на противпожарните аларми во сите осум блока и било утврдено дека тие не работеле ефективно. Ова претставува потврда на изјавите од повеќе жители дека нивните аларми не се огласиле кога избувнал пожарот. Властите најавија дека ќе преземат дополнителни мерки во врска со ова.

    Шефот за безбедност, Танг Пинг-Кеунг, изјави дека брзото ширење на пожарот го припишува на стиропорот поставен надвор од прозорците на станбените блокови.

    Пожарот започнал од пониските катови и се проширил на повисоките нивоа. Истрагата за утврдување на причината е во тек, а во нејзиниот врв, температурата на огнот достигнала 500°C, поради што на некои места огнот повторно се активирал по првичното гаснење. Иако пожарот е изгаснат, некои делови од зградите сè уште имаат температура над 200 степени Целзиусови.

    На денешната прес конференција беше соопштено и дека во операцијата за гаснење и спасување биле мобилизирани 391 противпожарно возило и 188 амбулантни возила. Повеќе од 2.311 пожарникари учествуваа во операцијата, при што 12 припадници на службата се здобија со повреди.

    Поврзани вести:

    Четири часа траеше средбата Путин – Орбан во Москва

    Четири часа траеше средбата Путин – Орбан во Москва

    Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: средби, посета на свети места и чествување на Никеја

    Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: средби, посета на свети места и чествување на Никеја

    Антикорупциска акција во домот на шефот на кабинетот на Зеленски

    Антикорупциска акција во домот на шефот на кабинетот на Зеленски

    Јапонски Висок суд: Забраната за истополови бракови е уставна

    Јапонски Висок суд: Забраната за истополови бракови е уставна

    Почина младата припадничка на Националната гарда ранетa пред Белата куќа

    Почина младата припадничка на Националната гарда ранетa пред Белата куќа

    Проблем на космодромот: „Сојуз МС-28“ полета, но лансирната рампа претрпе тешка штета

    Проблем на космодромот: „Сојуз МС-28“ полета, но лансирната рампа претрпе тешка штета

    пожар хонг конг
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Четири часа траеше средбата Путин – Орбан во Москва

    28/11/2025

    Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: средби, посета на свети места и чествување на Никеја

    28/11/2025

    Антикорупциска акција во домот на шефот на кабинетот на Зеленски

    28/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.