Следната година главен фокус на Владата ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања.
„Нашата цел е да дојдеме до реален раст на БДП од 4 отсто и повеќе во услови на ваква криза, особено во автомобилската индустрија и во услови на геостратешките политички консталации не само во Европа туку и пошироко и да дојдеме до номинален раст на БДП помеѓу 7,5 и 8 %, што веќе го правиме, бидејќи во првиот квартал беше 7,5 %, во вториот 7,8 %”, посочи Мицкоски.
Тој даде споредба и со задолжувањата што ги прави неговата влада со претходната.
„Ако споредите со седумте години на СДСМ и ДУИ, ќе видите дека поголемо е задолжувањето, отколку креираната додадена вредност во економијата.
Тоа значи дека се задолжувале, а не создавале вредност, а ние во оваа година двојно повеќе создаваме вредност отколку што ја задолжуваме државата. Оваа влада домаќински се грижи за народните пари и може да ги планира соодветно, распределува, да инвестира соодветно за граѓаните да почувствуваат дека нешто добро се случува во државата”, потенцираше Мицкоски.
