Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Трамп за мировниот план во Украина: Рокот е кога се ќе заврши!
    Свет

    Трамп за мировниот план во Украина: Рокот е кога се ќе заврши!

    26/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е оптимист за мировниот план за Украина и притоа се откажа од крајниот рок, поставен до Киев за прифаќање на предлогот. Трамп најави напредок во преговорите, нагласувајќи дека Москва се согласила на отстапки и дека целата рамка е флексибилна, опишувајќи ја како „само мапа“.

    Трамп им изјави на новинарите во претседателскиот авион на пат кон Флорида, каде што ќе го прослави Денот на благодарноста, дека преговарачите постигнуваат напредок во консултациите со Русија и Украина. Во врска со рокот, Трамп рече дека нема поставено фиксен краен рок.

    „Крајниот рок за мене е, кога сè ќе заврши“, потенцираше Трамп и забележа дека „на сите им е преку глава од борби во овој момент“.

    Американскиот претседател пред новинарите го бранеше првичниот предлог на САД од 28 точки, опишувајќи го како „само мапа“, а не како финализиран план. – Ја земаа секоја од 28-те точки, а потоа дојдоа до 22 точки. Многу од нив беа решени, и всушност решени многу поволно, рече тој.

    Првично претставената американска рамка наиде на критики во Европа и во Украина дека е силно наклонета во корист на руските интереси, предизвикувајќи стравувања дека администрацијата на Трамп може да ја принуди Украина да потпише мировен договор. Киев и Вашингтон сега соопштија дека украинската Влада се согласила со клучните точки од ревидираната рамка.

    Прашан за загриженоста дека Украина може да биде притисната да направи прекумерни територијални отстапки, Трамп рече дека земјата за која станува збор „веројатно ќе биде заземена од Русија и онака“ во наредните месеци. Тој додаде дека и Москва ќе направи отстапки, вклучително и прекин на борбите и воздржување од заземање „повеќе земја“, но не прецизираше какви отстапки.

    Тој, исто така, забележа дека се чини дека Русија има предност во војната и дека е во интерес на Украина да постигне договор. Во моментов се водат преговори со европските земји за безбедносните гаранции за Украина.

    Поврзани вести:

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    22/10/2026

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    22/10/2026

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.