Сообраќајната некултура и понатаму царува по македонските патишта. МВР прави контроли, но бројката на несовеснио возачи се чини останува исто голема. Само во последните 4 дена полицијата напишала 2.415 казни.
Она што загрижува е дека 435 казни се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. А пребрзото возење е едно од главните причини за многуте сообраќајни несреќи низ државата.
Што да се направи за да се смират збеснатите возачи?
За само овие 4 дена лишени од слобода за безобзирно возење биле седум лица. Од приведените шестмина возеле пијани, а едно лице за возење со голема брзина надвор од населено место. Од друга страна, 270 лица биле казнети оти управувале возило без возачка дозвола, а 16 затоа што минале на црвено светло.
МВР уверува дека ќе продолжи со контролите на патиштата.

