Американскиот претседател Доналд Трамп изјави и дека планира да се сретне во Белата куќа со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани.
„Комунистичкиот градоначалник на Њујорк, Зохран „Кваме“ Мамдани, побара средба. Се согласив средбата да се одржи во Овалната соба в петок, 21 ноември. Ќе следат понатамошни детали, објави Трамп на неговата социјална мрежа „Трут соушл“ .
Од кабинетот на Мамдани ја потврди средбата.
„Како што е вообичаено за новата градоначалничка администрација, новоизбраниот градоначалник планира да се сретне со претседателот во Вашингтон, за да разговара за јавната безбедност, економската сигурност и агендата за прифатливост за која гласаа над еден милион жители на Њујорк, пред само две недели“, изјави портпаролката на Мамдани.
34-годишниот Мамдани, кој се опишува себеси како демократски социјалист, треба да стане првиот муслимански градоначалник на Њујорк и најмладата личност што ја извршува оваа функција од 19 век. Левичарскиот политичар победи на изборите за градоначалник на Њујорк на 4 ноември и ќе ја преземе функцијата на почетокот на годината.
