И вчера за жал има насилства во Скопје и во околните општини. Во дневниот билтен на МВР стои како 19-годишна девојката од Скопје пријавила дека среде бел ден во општина Аеродром била физички нападната од едно лице, кое при нападот ја повредило со остар предмет.
Во општина Илинден пак, 50 годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот син биле нападнати со тврд предмет од непознат маж.
МВР добило пријава и од жител на село Љубош во општина Студеничани дека во училишниот двор, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал, додека трет малолетник го снимал настанот со мобилен телефон.
МВР информираше дека презема мерки за расчистување на сите овие случаи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
