Конечно, екипи на општина Аеродром утрово почнаа со расчистување на рушевините од локацијата на поранешниот „Мекдоналдс” и ресторанот „Тренд”, која се наоѓа на приватно земјиште.
„Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа на терен излегоа комуналните екипи на Општината. По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи”, истакна градоначалникот Дејан Митески.
Да се надеваме дека вака ќе се продолжи и на други места во општината каде сопствениците не постапуваат согласно законските обврски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
