рвениот крст на Република Северна Македонија информира дека денеска, по кратко боледување, во раните утрински часови, починал нивниот долгогодишен колега Глигор Новачевски. Во негова чест, утре со почеток во 10 часот ќе се одржи комеморативна седница во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје.
-По кратко боледување, во раните утрински часови, нѐ напушти нашиот драг и долгогодишен колега Глигор Новачевски. Во овие моменти на болка тешко е да се најдат вистинските зборови за да го опишеме она што нашиот Гиго ни го остави зад себе во својата над 30-ет годишна кариера во Црвениот крст. Секогаш насмеан и ведар, полн со знаење и инспирација, неуморно и успешно го промовираше и организираше крводарителството во нашата организација. Но тој можеше и правеше сѐ она што ќе беше побарано од него. Беше секогаш и секаде каде што беше потребно. Ништо не му претставуваше потешкотија. Секогаш подготвен да одвои време и насмевка за луѓето околу него, стои во информацијата од Црвен Крст.
Оттаму изразуваат најискрено сочувство до семејството, пријателите и сите блиски и соопштуваат дека погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Бутел, со почеток во 12:30 часот.
