ЕУ започнува активности околу формирање нова разузнавачка единица која
ќе биде под раководство на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Како што објави „Фајненшл тајмс” целта била подобрување на користењето
на информациите собрани од националните шпионски агенции.
Според весникот, единицата ќе биде формирана во рамките на
секретаријатот на Комисијата и планира да ги собере претставниците од
различни делови на разузнавачката заедница на ЕУ за собирање и анализа
на разузнавачки информации за заеднички цели.
