Голема афера го дрма големиот британски јавен ТВ сервис, Би-би-си. Генералниот директор поднесе оставка по обвинувањата дека медиумот ги довел гледачите во заблуда со изменета верзија на говор на претседателот Доналд Трамп во документарната емисија „Панорама”. Надвор од било какви новинарски стандарди во документарецот со монтирани делови од говор на Трамп се создало впечаток дека Трамп повикувал свои поддржувачи да упаднат во Капитол и да се борат со ѓаволи – што се покажа дека не е точно оти речениците се споени од сосема разни делови од говорот на
американскиот претседател.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
