Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против едно лице осомничено дека учествувало во убиството на свој сограѓанин, што се случил на 5 ноември во близина на селото Бусилци. Обвинителството има основано сомнение дека тој бил соизвршител на кривично дело – убиство.
Според првичните сознанија, осомничениот ја намамил жртвата, па заедно со друго сe уште неидентификувано лице, му пукале во глава.
Осомничениот, кој и претходно бил казнуван за разбојништво, по убиството се обидел да ги прикрие трагите за да ја попречи истрагата, соопшти обвинителството.
Jавниот обвинител предложи мерка притвор. Полицијата трага по вториот соизвршител на убиството.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
