И синоќа летаа дронови над европските аеродроми. Бриселскиот синоќа одново беше затворен за сообраќај околу 40 минути, откако над аеродромскиот комплекс бил забележан дрон.
Предвидените полетувања биле само времено одложени, а еден од авионите бил пренасочен кон Амстердам.
Белгиските медиуми јавија дека синоќа неколку дронови биле забележани и во непосредна близина на воздухопловната база „Флорен“ во јужна Белгија. Таму дронови беа регистрирани и пред два дена.
Претходно, во текот на денот дрон бил забележан и над објектот на Белгискиот нуклеарен истражувачки центар во североисточна Белгија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
