Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, именуван од сегашната Влада, уапсен е попладнево под сомнение за примање поткуп.
Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК истражители од нивниот истражниот центар и единиците на МВР денеска вршеа претреси на повеќе локации низ земјава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.
Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево беа влезени тимови на Управата за финансиска полиција и екипи на МВР.
Неофицијално, се работи за акција по пријава за земено мито од страна на директорот Стоилев од апликант, за да му се додели договор за финансиска поддршка преку програмата ИПАРД.
Како што дознаваме, барањето за мито апликантот го пријавил во МВР, по што му биле дадени обележани банкноти, со чија помош директорот е фатен „ин флагранте“ при земањето на митото.
Илија Стоилев директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот е од јули 2024 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
