Полицијата денес пронајде бомба во гаража на Бит пазар. Ова го потврдија од МВР кои објаснуваат дека добиле пријава оти во 01:00 часот лице влегло во гаража во семејната куќа на друго лице и поставило бомба во неговиот автомобил. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки кај возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки е пронајдена бомба м75 врзана со жица на рачката на возачката врата.
Исто така, извршен е и преглед во друго возило во сопственост на неговиот брат при што во гепекот е пронајдена една кутија со 100 куршуми за автоматско оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
