На Скопје му фали зеленило. А од друга страна има многу суви, исушени дрвја по тротоарите и паркинзите. Од нив често паѓаат гранки што оштетуваат возила, блокираат места за паркирање, а се и потенцијална опасност дека може некого да повредат.
Никој не ги отстранува таквите дрвја, а и не ги тргнува паднатите суви гранки.
Дел од дрвјата се стари неколку децении и не се соодветно одржувани, исушени, висат над тротоарите и паркинзите. Особено ова е евидентно во централните градски општини.
Граѓаните реагираат, но институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста – дали таа е на Град Скопје, јавните претпријатија или општините.
Потребна е веднаш итна акција од сите во градската и општинската власт,
од јавните претпијатија, особено од „Паркови и зеленило” за отстранување на сувите дрвја, а потоа и додавање со нови садници. Додека тоа не се направи, секој посилен ветер останува потенцијална закана. Да не зборуваме дека наскоро се очекува и снег.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
