Како што јавуваат српските медиуми, ситуацијата пред Собранието е многу напната. Од правецот „Ќациленд“ луѓе се залетале кон кордонот на полицијата и почнале да фрлаат шишиња со вода кон граѓаните кои ја поддржуваат Дијана Хрку, мајаката која го загуби своето дете во трагедијата во Нови Сад, а денес најави штрајк со глад.
Полицијата реагираше така што формираше кордон кон нив.
Потоа беа фрлени и петарди и чадни бомби, но тешко е да се процени од која страна. На лице место е и Жандармеријата и полициската бригада, насочени кон групата граѓани кои стојат покрај Дијана Хрку.
Ситуацијата е тензична, а според медиумите кај северниот сосед, од други градови голема група граѓани се упатуваат кон Белград…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
