Нјаголема забава во историјата на општина Бутел, по повод 20 години од постоењето, најави Дарко Костовски.
– Ми претставува особена чест да ве поканам на роденденската недела по повод 20 години од формирањето на Општина Бутел! Започнуваме на 6 јуни, а ќе завршиме на 14 јуни, на повеќе локации во нашата општина. Во овој период ќе организираме голем број забавни и спортски манифестации за сите генерации – порача Костовски.
Во јавната покана до граѓаните од општината порачуваат: „20 години наша општина Бутел, 20 години наш дом и наша иднина. Тука заедно растеме, тука заедно создаваме! Тука заедно градиме! Заедно ќе останеме да ја направиме Општина Бутел, модерна, безбедна просперитетна општина за сите мои сограѓани! Дојдете заедно да уживаме!“
