Фудбалерите на Вардар се вратија на првото место на табелата откако вечерва во последниот дуел од 11.коло на домашен терен го совладаа Силекс со 2:1. Победникот беше решен во судиското надополнување на вториот дел кога во шеснаесетникот на гостите играч на Силекс играше со рака, а по прегледаната ВАР снимка судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Мато во 101-та минута.
Вардар, претходно поведе со голот на Азер Омерагиќ во 9.минута, а пет минути подоцна изедначи Алдин Хрвановиќ. Тоа беше и резултат по првиот дел. Во второто полувреме Вардар имаше шанси, но до промена на резултатот не дојде. По едно недоразбирање голманот на Силекс Љупче Џеков во 83.минута поради фаул надвор од шеснаесетникот доби црвен картон, а Вардар потоа со голот од пенал дојде до победата.
Во првиот денешен натпревар со многу голови, Шкендија во Струмица ја саволда АП Брера со 3:2.
По одиграни 11 кола Вардар е прв на табелата со 27 бодови, пред Струга со 26 и Шкендија со 24.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
