Сите вчерашни дојави за поставени експлозивни направи во училишта во
Скопје и Куманово се лажни. Самите дојави пак предизвикаа голема вознемиреност меѓу учениците и нивните родители.
Ваквите инциденти за жал не се случуваат првпат, пред две – три години, скопските училишта со месеци беа цел на слични лажни дојави за бомби. Тогаш, како и сега, сите проверки завршија без да биде пронајдена било каква експлозивна направа, но имаше страв, а и се наруши и наставата во училиштата.
Инаку, вчерашните пријави, околу 18 часот биле испратени на на е-меил
адресите на 30 училишта во Скопје и 17 во Куманово, по што веднаш
училиштата беа евакуирани, а наставата прекината.
„Аман веќе… пожари, труење од депонии, ѓубре… сега и ова”, беше еден
од коментарите на социјалните мрежи на загржени граѓани.
Генерално сите објави беа како некој намерно со месеци да сака да предизвикува хаос и немир меѓу скопјани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
