На 24 октомври во 23:40 часот во СВР Скопје, 37 годишен скопјанец, што работел како доставувач на храна пријавил дека додека си ја работел работата пред станбена зграда на подрачјето на Центар бил физички напднат од друго лице. Во пријавата тој навел дека на нападот му претстоела расправија со напаѓачот околу паркинг место.
Полицијата, по пријавата работи на случајот за негово за расчистување.
И во Гази Баба бил нападнат 38 годишен скопјанец додека бил на своето работно место во спортска обложувалница, исто така по претходна расправија со друго лице – посетител на обложувалницата.
МВР, соопшти дека работи на расчистување и на овој случај.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
