Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино изјави дека вооружените сили на земјата ќе спречат инсталирање влада во Каракас која ќе биде потчинета на САД.
Падрино го обвини Вашингтон дека се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро со поддршка на опозицијата.
-Толкувајте го како што сакате. Вооружените сили тука нема да дозволат влада која е потчинета на интересите на САД, изјави Падрино за венецуелската државна телевизија.
„Никогаш повеќе робови! Ние сме слободна земја!“ додаде министерот за одбрана.
Претходно, САД објавија дека испраќаат ударна група бродови со носачот на авиони „Џералд Форд“ во Јужна Америка, поради тензиите со Венецуела.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

