Како прва членка на ЕУ преку која патниците од регионот влегуваат во Шенген зоната, Хрватска стана тест за новиот систем EES за регистрација на патници од трети земји, на кои не им се потребни визи за влез во ЕУ. Првите денови на примената на хрватските гранични премини донесоа и проблеми со долги редици и конфузија меѓу патниците. Некои патници по навика се упатиле кон лентите означени со „пасош на ЕУ”, по што добиле парични казни. Задолжителната регистрација при првиот влез во земјите на ЕУ важи и за македонските државјани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
