Едно лице загина, а 18-годишно момче е тешко повредено во директен судир на два автомобили што се случи вчера попладнето на експресниот пат Штип – Велес. Според информациите од Итната медицинска помош во Велес, нивна екипа била повикана во 14:20 часот и за десетина минути пристигнала на местото на несреќата, на крстосницата кон село Иванковци. Констатирале смрт кај повозрасен маж од едното возило, кој починал на самото место на директниот судир, лекарска помош веднаш му била укажана на 18-годишното момче од Струмица, кое се наоѓало во другото возило. Тој имал повреди на карлицата, десното колено и главата и по укажаната прва помош, момчето било пренесено во Ургентниот центар во Општата болница во Велес.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
