Околу 500 лица го опкружиле автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа во провинцијата Канар. Напаѓачите фрлале камења кон возилото, а се забележани и оштетувања од истрели. Претседателот не бил повреден при нападот. Полицијата уапсила пет лица по инцидентот и ги обвинила за обид за атентат. Во Еквадор веќе две недели се протестира поради укинувањето на субвенциите за нафтата, а демонстрациите ги организира Конфедерацијата на автохтони народи, која за нападот соошти дека војската прва ги нападнала демонстрантите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
