Синоќа на скопските улици вистинска филмска бркотница на полицијата со “ренџ ровер“ во кој се наоѓале двајца осуденици, кои биле на отпуст од затворот „Идризово“.
Како што соопштија од полицијата додека возилото со движело по улицата „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанало на даден знак од полициски службеници, по што тргнала полициската потера.
Бегалците се упатиле кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје-Велес, каде биле пресретнати од полициското возило. Откако повторно не застанале и удриле во полициското возило, полицаецот испукал предупредувачки куршуми во воздух. Бегалското возилото продолжило да се движи со голема брзина и во близина на месноста Нова Колонија излетало од патот.
Бегалците се приведени, а во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
