Во Судан, околу 750.000 цивили се заробени во градот Ел-Фашер, Северен Дарфур, каде што се соочуваат со сериозна хуманитарна криза. Градот е под опсада од страна на паравоени сили речиси 18 месеци. Меѓународната заедница, се обидува да посредува за отворање хуманитарни коридори, но досега без значителен напредок. Ситуацијата во Ел-Фашер е една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот денес.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
