Жител на Велес на 79-годишна возраст ќе биде првото лице во Македонија кое ќе ја издржува затворската казна дома со електронска алка на ногата. Тој е осуден на три месеци куќен затвор.
Ова е прв случај на практична примена на електронски алки кои беа најавени во мај годинава. Алките се воведуваат како начин за намалување на затворската популација, со оглед на тоа што во земјава има околу 2.300 затвореници и 400 притвореници, а дел од установите работат со над 100% исполнетост. Законот овозможува алки да користат три категории осуденици: стари и изнемоштени лица, бремени жени и мајки со мали деца, како и лица со тешки болести или инвалидитет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
