Во пожар предизвикан од истекување на гориво по судирот на приватен автобус и мотоцикл на рутата помеѓу индиските јужни градови Бангалор и Хајдерабад загинаа најмалку 20 лица, јавија тамошните медиуми повикувајќи се на официјални лица.
Како што изјавија надлежните, од 41 патник во автобусот биле спасени 21. Од загинатите досега биле идентификувани 11 тела.
Во слична несреќа минатиот месец загинаа 19 лица во западната сојузна држава Раджастан кога, исто така, се запали приватен автобус.
Во Индија во сообраќајни несреќи минатата година загинаа околу 180.000 луѓе.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
